Писмо од Главниот штаб на востанието до директорот на источните железници | ||||||||
Господине Директоре, Главниот штаб на Македонско-Одринскиот Револуционерен Комитет има чест да им соопшти на Почитуваната дирекција на Источните железници, дека тој денес реши да го почне востанието во името на слободата на христијанското население во Македонија и Одринско против турскиот режим, кој пет века не само што не ги признава најелементарните човечки права, туку не покажува и не им дава ни најмала гаранција за животот, имотот и честа на христијанското население, кое што како резултат на тој режим дојде до последна крајност и се виде принудено да ја прокламира борбата на својот крвав непријател со извикот: „слобода илн смрт!“ Бидејќи востанието по апсолутна неопходност ќе биде придружено од некои атентати по железните патишта, наведениот Штаб, по човечки долг ја предупредува почитуваната дирекција да биде благоразумна и да не допушти во текот на тие денови жителите на државата да патуваат по источните железници, за да не станат невини жртви. Дозволете да примете, Господине Директоре, уверение со наша длабока почит. Членови на Главниот штаб: Даме Груев, Б. Сарафов, А.Лозанчев |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||